Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Член 11 во врска со член 9 од ЕКЧП/Извршување на пресудите на ЕСЧП против државата во кои е констатирана повреда поради нерегистрација на верски здруженија“  | 10/06/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права, со поддршка на Совет на Европа, организираат советување на тема „Член 11 во врска со член 9 од ЕКЧП/Извршување на пресудите на ЕСЧП против државата во кои е констатирана повреда поради нерегистрација на верски здруженија“, што ќе се одржи на 11 јуни 2019 година (вторник) во просториите на Академијата-ламела 1, со почеток во 9.30 часот.

 

Советувањето е наменето за судиите и советниците на  Уставниот суд, како и за судиите и советниците/судските соработници на Апелационен суд Скопје и Основен Граѓански суд Скопје,  кои постапуваат во предмети поврзани со регистрацијата на здруженија.

 

Излагачи на советувањето ќе бидат Victor Soloveytchik, шеф на Девизија во Регистарот на ЕСЧП, (преку видео линк), Pavlo Pushkar, шеф на Девизија во Одделот за извршување на пресудите при Советот на Европа, (преку видео линк), Катарина Недељковиќ, шеф на Оддел во Одделението за извршување на пресудите при Советот на Европа, Даница Џонова, В.Д. Владин агент и Polina Roussinova-Kucera, правник во Одделот за извршување на пресудите при Советот на Европа.


Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Работните материјали кои ќе бидат користени во текот на советувањето можете да ги презмете на следниот линк:

Пресуда1, Пресуда2, Пресуда3, Пресуда4

Деловник на КМ

Извршување и надзор од страна на КМ