Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Извршување нa попис и изработка на пописни листи“  | 07/11/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира советување на тема „Извршување на попис и изработка на пописни листи“  кое ќе се одржи на  10 ноември 2017 година (петок), во просториите на Апелационен суд Скопје, со почеток во 10:00 часот.
 
Советувањето се организира за судски службеници кои се задолжени за попис од сите судови во Република Македонија.
 
Во рамките на советувањето свое излагање ќе има г-а Наташа Нинеска, самостоен ревизор, овластен државен ревизор во Државниот завод за ревизија.


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:

  • Законска рамка за извршување годишен попис
  • Одговорности на одговорното лице
  •  Комисијата за попис и сметководствено-финансиска единица
  •  Предмет на попис
  •  Подготовка на пописни листи
  •  Потврдување на лице место
  • Проблеми при спроведување на пописот
  • Содржина на извештај за попис
  • Конечни пописни листи и прилози на извештајот
  • Најчести наоди и слабости
  • Понудени решенија и
  • Препораки од извршен попис.

 

Агендата согласно која ќе се одвива Советувањето можете да ја преземете на следниот линк.

 

Работните материјали кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука.