Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Насоки за постапување при eвидeнција на застарени обврски“  | 05/10/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“по барање на Судскиот совет на Република Македонија, организира советување на тема: „Насоки за постапување при евиденција на застарени обврски“, што ќе се одржи на 08 октомври 2018 година (понеделник), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е наменето за претседателите на судовите и сметководителите од сите апелациони подрачја.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Силвија Јаневска, државен советник за судски буџет во Судско буџетски совет на Република Македонија и г-н Максим Ацевски, помошник на главниот државен ревизор во Државен завод за ревизија.

 

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Реализација на судскиот буџет
  • Начин на постапување со застарените обврски


Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

Работните материјали кои ќе бидат користени во текот на советувањето можете да ги презмете на следниот линк.

Презентација1

Презентација2