Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Стек и продолжено кривично дeло“  | 14/03/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Стек и продолжено кривично дело“, кое ќе се одржи на 15 март 2019 година (петок), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

 

На советувањето излагања ќе имаат проф. д-р Никола Тупанчески од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и д-р Даница Монева, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Штип.

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • „Concursus plurium delictorum“ и „Delictum continuatum“ – современи тенденции и некои релевантни практични аспекти 
  • Продолжено кривично дело (практични искуства) 


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
Презентација