Календар на Активности
СОВЕТУВАЊЕ ОД ОБЛАСТА НА ГРАЃАНСКО ПРАВО на тема „Mеѓународна судска соработка во прекугранични спорови од аспект на правото на ЕУ – регулатива на ЕУ за правото кое се применува на договорните обврски РИМ I“  | 10/05/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Mеѓународна судска соработка во прекугранични спорови од аспект на правото на ЕУ – регулатива на ЕУ за правото кое се применува на договорните обврски (РИМ I), кое ќе се одржи на 12 мај 2017 година (петок), во Академијата, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии и советници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници на Министерството за правда.

 

На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Верка Цветановска од Министерство за правда и проф. д-р Тони Дескоски од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје. 

 


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

 

  • Прекугранична судска соработка во граѓанската материја во Европската Унија – унификација на колизионите норми 
  • Основни принципи и подрачје на примена на Регулативата (уредбата) Рим I
  • Автономијата на волја како основна точка на врзување за договорните облигации по Регулативата Рим I (чл. 3)
  • Определување на меродавното право за договорните облигации во отсуство на автономијата на волја на странките според  Регулативата Рим I (чл. 4)

 

ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:

1. Презентација1                                                3. Презентација3

2. Презентација2                                                4. Презентација4.