Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „ГРАЃАНСКО-ПРАВЕН АСПЕКТ НА ЧЛЕНОТ 6 НА ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“  | 10/06/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Граѓанско –правен аспект на членот 6 на ЕКЧП“, кое ќе се одржи на 11 јуни 2019 година (вторник), во просториите на Академија, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судии на граѓански оддели од сите апелациони подрачја, претставници на Бирото за застапување на СРМ пред ЕСЧП

 

На советувањето излагања ќе имаат г-ѓа Татјана Сусулеска, судија на Апелационен суд Битола и г-н Дарко Павловски, национален правен офицер, Мисија на ОБСЕ во Скопје

 

  • Европската конвенција за човекови права и членот 6 – воведни и општи напомени за Конвенцијата и Европскиот суд, структура на членот 6 и негова применливост
  • Граѓанско-правен аспект на членот 6 (прв дел) – пристап до суд (екцесивен формализам, правна помош и трошоци, процедурални пречки), процедурална еднаквост и контрадикторност, должина на постапката
  • Граѓанско-правен аспект на членот 6 (втор дел) – правнасигурност, конзистентост на судската пракса, образложеност на одлуките, извршување, поврзаност со други права/членови од Конвенцијата
  • Повторувањето на постапката како поединечна мерказа извршување на пресудите на Европскиот суд


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука.