Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема „Опсег на повреда на гаранциите предвидени со членот 6 од Европската Конвенција за човекови права во спорови од граѓанска област и праксата на Европскиот суд за човекови права“  | 06/03/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема Опсег на повреда на гаранциите предвидени со членот 6 од Европската Конвенција за човекови права во спорови од граѓанска област и праксата на Европскиот суд за човекови права кое ќе се одржи на 6 март 2018 година (вторник), во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот. 

 

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја, како и за адвокати.

 

На советувањето свое излагање ќе имаат г-а Мирјана Лазарова Трајковска, поранешен судија на Европскиот суд за човекови права и м-р Костадин Богданов, адвокат

 

На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:

  • Опсег на гаранциите предвидени со членот 6 од ЕКЧП (Право на правична судска постапка) во спорови од граѓанска област
  • Судската пракса на ЕСЧП, пресуди и практични примери


ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука:

1. Презентација1                                                        4. Презентација4

2. Презентација2                                                        5. Презентација5.

3. Презентација3