Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
ПРЕДАВАЊЕ НА СУДИЈА ПОЛ Г. БАЈРОН ВО ШЕСТАТА ГЕНЕРАЦИЈА СЛУШАТЕЛИ НА ПОЧЕТНА ОБУКА 29.9.2017 ГОДИНА  | 03/10/017

Новости за академијата

На 29 септември 2017 година, судија Бајрон одржa предавање пред слушателите на шестата генерација на почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.
Неговото предавање се состоеше од презентација на методот ППАЗ/ЗПАЗ односно Прашање, правило, Анализа, Заклучок или Заклучок, Правило, Анализа, Заклучок (IRAC/CRAC), по што се спроведе анализа и во интеракција со присутните го дискутираа овој метод.
 
Исто така, се презентираа повеќе одлуки на судовите во САД пред слушателите на почетна обука, по што следеа дискусии и беа извлечени заклучоци по однос на овие одлуки.
 
Примерок од одлуките, како и други матеирјали беа поделени на слушателите на почетна обука. 


Инаку судија Бајрон има дипломирано на Универзитетот во Мичиген во 1983 година и на Државниот правен центар во Луизијана во 1986 година. Судија Бајрон од 1986 до 1990 служел во Корпусот на генералниот застапник на Армијата на САД како обвинител и како советник за одбрана. Потоа судија Бајрон е заменик обвинител во округот Флорида во наредните десет години. За ова време додека е во одделот за правда, судија Бајрон работи на предмети од организиран криминал, трговија со дрога, како и комплексен криминал на белите јаки, вклучувајќи и гонење на меѓународни измами и перење на пари во здравството.
 


Во 2001 година е избран да служи во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг, Холандија. Судија Бајрон постапувал по случаи против високи политички и воени претстацвници одговорни за сторени воени злосторства во Босна и Херцеговина. Во 2004 година се враќа во одделот за правда и работи во Меѓународниот сектор на Одделението за конфискација на средства и перење пари, каде има обезбедено советување на повеќе од 14 земји како експерт во банкарски надзор финансирање на борбата против тероризам. Исто така има учествувано во изготвувањето на законите за спречување на перење пари на голем број земји.

Во 2005 година, судија Бајрон станува партнер во Адвокатско друштво специјализирано за одговорност за производи и во парнични постапки за токсични дејствија. Судија Бајрон има водено комплексни постапки против големи производители во државните и федерални судови низ Соединетите Американски Држави. Судија Бајрон беше назначен во Окружниот суд на САД од страна на претседателот Барак Обама и едногласно потврден од страна на Сенатот.

Судија Бајрон редовно предава на меѓународно ниво за теми поврзани со судски реформи, корупција, перење на пари, финансирање на тероризам и истражни техники.