Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
РАБОТИЛНИЦА: „ Судската пракса на Европскиот суд за човекови права во врска со правото на сурогатство “ Хотел Александар Палас, Скопје 10-11 јуни 2019 година  | 08/06/019

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (ТАIEX) на Европската Комисија, организира работилница на тема ,, Судската пракса на ЕКЧП  во врска со правото на сурогатство’’, која ќе се одржи во период од 10-11 јуни 2019 година во хотел Александар Палас, со почеток во 10:00 часот.

 

Со воведно обраќање настанот ќе го отвори: г-а Габриела Гајдова, судија на Основен суд Велес.

На настанот свое излагање ќе имаат : проф. Јудит Шандор, Факултет за политички науки, правни и родови студии на Централно-европскиоѕ универзитет во Будимпешта, Унгарија, Мариа Ванеса У.Лекуона, судски советник во Граќански суд, Ла лагуна, Шпанија, Ана Вилфан-Восперник, виш правник, оддел за истражување на регистарот на ЕСЧП и вонсудски известител за Словенија .


АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива настанот можете да ја преземете тука.
РАБОТНИОТ МАТЕРИЈАЛ можете да го преземете тука:
Презентација1
Презентација2