Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses
СОВЕТУВАЊЕ на тема: „ Судската постапка во Законот за спречување и заштита од дискриминација“ Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’, ламела 3 5 октомври 2018 година  | 03/10/018

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира правна дебата на тема: „Судската постапка во Законот за спречување и заштита од дискриминација“ што ќе се одржи на 5 октомври 2018 година (петок), во просториите на Академијата, ламела 3 со почеток во 10:00 часот.

Правната дебата е наменета за судиите од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја, адвокати претставници од сите релевантни институции.

На настанот свое излагање ќе има г-а Нада Чаловска Димовска, член на работната група за изработка на новиот предлог Закон за спречување и заштита од дискриминација.

На настанот ќе бидат претставени новите решенија за судската постапка во новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и претставува можност за отворена дебата околу истото.

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива настанот можете да ја преземете тука.