Календар на Активности





offer lace bridesmaid dresses, lace top bridesmaid dresses

СОВЕТУВАЊЕ на тема „Ништовност на договори спoрeд Законот за облигациони односи и според други посебни закони“

 | 21/09/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Ништовност на договори според Законот за облигациони односи и според други посебни закони, кое ќе се одржи на 25 септември 2017 година (понеделник), во просториите на Академијата, ламела 3, со почеток во 10:00 часот.

 

 

Советувањето е наменето за судии и советници од трговски и граѓански оддели од апелационо подрачје Скопје.

 

На советувањето излагања ќе имаат проф. д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје и судија Анита Бошковска, Апелационен суд Скопје.

 


Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

 

  • Ништовност на договорите и проблеми во практиката 
  • Анализа на законски прописи, општи услови на договори, договори, судска практика поврзана со ништовност на договорите
  • Судска пракса во врска со ништовност на договорите


Повеќе

СОВЕТУВАЊЕ на тема: ,,Правото на сопственост члeн 1 oд Протoкoлoт 1 нa ЕКЧП”

 | 20/09/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” организира советување на тема: ,,Правото на сопственост (член 1 од Протоколот 1 на ЕКЧП)’’, што ќе се одржи на 21 септември 2017 година (четврток), во просториите на Академија, со почеток во 10 часот.

 

Советувањето е наменето за судиите од граѓанските и кривичните оддели од сите апелациони подрачја како и за судиите на Вишиот управен суд и Управниот суд.

 

 На советувањето свое излагање ќе имаат м-р Софија Миленкова, судија на Основен суд Скопје 2 – Скопје и м-р Костадин Богданов, адвокат од Скопје.


Повеќе

СOВEТУВAЊE нa тема: ,,Видови тужби кои произлегуваат од Законот за трговските друштва”

 | 19/09/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” организира советување на тема: ,,Видови тужби кои произлегуваат од Законот за трговските друштва’’,  кое ќе се одржи на 20 септември 2017 година (среда), во просториите на Академија, со почеток во 10 часот.

 

Советувањето е наменето за судии и советници од граѓански и трговски оддели од сите апелациони подрачје.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат г-н Марко Андонов, од Универзитет т ,,Американ колеџ” Скопје и г-н Александар Шопов, претседател на Основен суд Велес.

 

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

 

  • Тужба за утврдување ништовност на друштво
  • Тужба за утврдување ништовност на упис
  • Тужба за утврдување одговорност на органи на друштвото / содружници / акционери
  • Тужба за исклучување / истапување на содружник
  • Тужба за утврдување ништовност / побивање на одлуки на Собир на содружници

Тужба за утврдување ништовност / побивање на одлуки на Собрание на акционери


Повеќе

СOСТAНOК НA ДИРEКТОРКАТА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ПАВЕЛ ШАТЕВ СО Г-А БЕТ СРИНАМ И Г-А РАЕ ВУДС

 | 15/09/017

Новости за академијата

На 15 септември 2017 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, директорката г-а Анета Арнаудовска одржа состанок со г-а Бет Сринам, регионален правен советник, програма OPDAT, Министерство за правда на САД, претставник од Амбасадата на САД во Загреб и г-а Рае Вудс, јавен обвинител од САД.


 

На состанокот беше дискутирана соработката која претстои помеѓу Академијата и г-а Сринам и г-а Вудс, а ќе се оствари преку организирање на заеднички настан, поточно обука на обучувачи, во врска со Европската конвенција за човекови права. Најголем акцент на овој состанок беше ставен на тоа каква методологија да се користи на оваа обука, односно кој е најдобриот начин за до присутните да се допре на најпродуктивен начин. Особено се истакна методот на користење на судска пракса, преку практични вежби како еден од најефикасните начини на спроведување на обуки.

 

Обуката за Европската конвенција за човекови права, а истата ќе биде прецизирана на наредните средби со тимот на Академијата.


СОВЕТУВАЊЕ на тeмa: „Нaплатување на судска такса и извршување санкции согласно Судскиот деловник и Законот за судски такси“

 | 12/09/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: „Наплатување на судска такса и извршување санкции согласно Судскиот деловник и Законот за судски такси“, што ќе се одржи на 28 септември 2017 година (четврток), во просториите на Апелационен суд Скопје, со почеток во 10:00 часот.

 

Советувањето е наменето за судски службеници кои работат на овие работни места од сите апелациони подрачја.

 

Предавач на советувањето ќе биде г-н Сашо Темелкоски, судски администратор во Основен суд Прилеп.

 
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Наплатување на судска такса
  • „Извршување на санкции“


Повеќе

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНA ОБУКA ЗA СУДИИТE ПОРОТНИЦИ

 | 11/09/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 3 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008 и 150/2010) организира специјализирана обука за новоизбрани судии-поротници од апелационо подрачје Штип, која ќе се одржи на 29 септември и 2 октомври 2017 година (петок и понеделник) во просториите на Апелационен суд Штип, со почеток во 10:00 часот.  

Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе полагаат тест. 

 

На обуката свои излагања ќе имаат:

г-а Јованка Никодиновска, судија на Апелационен суд Скопје;

г-а Љубица Колиќ, судија на Основен суд Скопје 2;

д-р Милка Ристова, судија на Врховен суд  на Република Македонија (во пензија); г-дин Тодор Витларов, Јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип;

г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје и

г-a Сузана Таскова Аџикотарева, Член на Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК).

 


Повеќе

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА OБУКA ЗA СУДИИТЕ ПОРОТНИЦИ

 | 11/09/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 3 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008 и 150/2010) организира специјализирана обука за новоизбрани судии-поротници од апелационо подрачје Битола, која ќе се одржи на 22 и 25 септември 2017 година (петок и понеделник) во просториите на Апелационен суд Битола, со почеток во 10:00 часот.  

Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе полагаат тест. 

 

На обуката свои излагања ќе имаат:

г-а Јованка Никодиновска, судија на Апелационен суд Скопје;

г-а Љубица Колиќ, судија на Основен суд Скопје 2;

д-р Милка Ристова, судија на Врховен суд  на Република Македонија (во пензија);

г-а Павлина Јанкуловска, Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Битола;

г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје и

г-a Сузана Таскова Аџикотарева, Член на Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК).


Повеќе

СПEЦИЈAЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА СУДИИТЕ ПOРOТНИЦИ

 | 11/09/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 3 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број 58/2006, 35/2008 и 150/2010) организира специјализирана обука за новоизбрани судии-поротници од апелационо подрачје Битола, која ќе се одржи на 15 и 18 септември 2017 година (петок и понеделник) во просториите на Апелационен суд Скопје, со почеток во 10:00 часот.  
Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе полагаат тест. 
 
На обуката свои излагања ќе имаат:
г-а Јованка Никодиновска, судија на Апелационен суд Скопје;
г-а Љубица Колиќ, судија на Основен суд Скопје 2;
д-р Милка Ристова, судија на Врховен суд  на Република Македонија (во пензија);
г-а Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје и
г-a Сузана Таскова Аџикотарева, Член на Државна Комисија за спречување на корупција (ДКСК)


Повеќе

Обука на обучувачи на тема: „Обука на обучувачи – Член 3 од Европската конвенција за човекови права“

 | 07/09/017

Новости за академијата

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во рамките на програмата Horizontal Facility финансиран од Европската унија, а имплементиран од Советот на Европа „Зајакнување на капацитетите на судството за заштита на човековите права и борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста“ организира обука на обучувачи на тема Член 3 од Европската конвенција за човекови права“, кое што  ќе се одржи од 11-15 септември 2017 година (понеделник-петок) во хотел Изгрев, Струга.
 
На обуката ќе бидат обучени предавачи на Академијата, односно судии од кривичните оддели и јавни обвинители кои работат на оваа материја.
 
Пред почетокот на обуката, учесниците поминаа online HELP курс, како вовед во Европската конвенција за човекови права.
 
АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.


IRIS 2017-7

 | 13/07/017

Новости за академијата

According to Ofcom statistics, the average time spent browsing online is more than 30 hours per month; when looking at youngsters aged 5-15, this time quadruples to 15 hours per week, with YouTube as a clear winner and peak time in the evening, once school, homework and other activities are over. Another Ofcom study shows a trend towards a decrease in the consumption of illegal content, which is largely due to a shift towards the use of content streaming services.
Summer means more free time, and a logical consequence of this is that a significant part of it will be spent on the Internet. Two questions thus arise: is this going to happen in an adequately protected environment? And what measures are in place in case of illegal consumption?
Both national and European institutions are paying increasing attention to the need for addressing these challenges.
As to online safety, after the Norwegian media authority published the results of a survey on fake news, the Government asked it to prioritise the work on media literacy. In its mid-term review of the Digital Single Market strategy, the European Commission identified the removal of illegal content on online platforms as one of the most urgent tasks, and both the European Parliament and the Council, in their respective mandates for the negotiations on the AVMS Directive, stressed the importance of introducing more stringent measures against online content inciting violence, hatred or terrorism.


Повеќе