HELP курс на тема: „Стандарди на Комитетот за превенција на тортура“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Совет на Европа организираат HELP курс на тема:  „Стандарди на Комитетот за превенција на тортура“, кој ќе се одржи на 07 октомври 2022 година (петок), со почеток во 10:00 часот, во хотел Мериот во Скопје.

Курсот е наменет за судии, јавни обвинители, претставници од Министерството за правда, Македонското здружение на млади правници, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

Тутори на настанот ќе бидат г-а Катерина Коларевиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и г-а Васка Николовска Масевска, судија во Основен кривичен суд Скопје.

За дополнителни информации во врска со курсот Ве молиме да ги контактирате лицата од Академија задолжени за организација на e-mail адресите: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk и Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk, како и на тел. број 02/2401-572 или 02/2401-568 .

            Агендата согласно која ќе се одвива курсот можете да ја преземете тука.