Календар на Активности

Европската мрежа за судска обука - EJTN

На Деветтото Генерално Собрание на Европската мрежа за судска обука (EJTN), при ЕУ, одржано од 11 до 13 јуни 2007 година во Триер, Сојузна Република Германија, Академијата e примена со статус на набљудувач, заедно со Правосудната академија на Република Хрватска.  

 

 

Академијата од стекнувањето на статус на набљудувач во оваа мрежа активно е вклучена во сите нејзини активности и програми. Академијата понуди свои обуки кои беа вклучени во Каталогот на обуки на ЕЈТН за 2009 година со покана за учество на истите на судиите и јавните обвинители од европските држави. Исто така, во текот на 2008 година Академијата беше вклучена и во Програмата за размена при што во повеќе европски држави беа испратени вкупно 6 учесници и тоа 2 судии, 1 јавен обвинител, 2 кандидати од првата генерација на почетна обука и 1 едукатор. Во рамките на Програмата за размена, Академијата беше и домаќин на вкупно 6 учесници и тоа 5 јавни обвинители од Белгија, Летонија и Шпанија и 1 едукатор од Естонија.

 

Во 2009 година во рамките на обуките кои Академијата ги понуди а кои беа беа вклучени во Каталогот на обуки на ЕЈТН за 2009 година 10 судии и јавни обвинители од повеќе европски земји ги посетуваа семинарите на Академијата.

 

Постојан едукатор на Академијата од  редот на ИТ-експертите е постојан член на работната група на ЕЈТН за компјутерски технологии, кој на пленарната седница во Прага ги презентираше веб и комуникациските планови, соработката со другите работни групи и прикажа жива презентација на Moodle, виртуелна средина за учење (VLE), како ефектна солуција за учење од далечина.

 

 Исто така, во текот на 2009 година, Академијата беше вклучена и во Програмата за размена при што во повеќе европски држави беа испратени вкупно 5 учесници и тоа 2 судии, 1 јавен обвинител, 2 едукатори. Во рамките на Програмата за размена, Академијата беше и домаќин на вкупно 5 учесници и тоа 1 граѓански судија од Република Чешка, 1 кривичен судија од Италија, 1 јавен обвинител од Италија, 1 јавен обвинител од Шпанија и 1 јавен обвинител од Романија. 

Во 2010 година, Академијата го продолжи своето активно учество во Програмата на ЕЈТН за размена на судии, јавни обвинители и едукатори. Имено, вкупно девет претставници од правосудството на Република Македонија учествуваа на размена во тренинг-институциите на други држави-членки и кандидати за членство во Европската унија и тоа 3 судии (во Естонија, Италија и Словенија), 3 јавни обвинители (во Италија, Полска и Холандија) и 3 едукатори (во Португалија, Словенија и Хрватска). Во рамките на оваа програма, Академијата беше домаќин на вкупно 11 судии и јавни обвинители од други држави, и тоа: 1 судија од Романија, 2 судии од Полска, 2 судии од Австрија, 1 судија од Словенија, 1 судија од Норвешка, 1 судија од Холандија, 1 судија од Италија, 1 обвинител од Финска и 1 обвинител од Полска.

 

Особено значајно е што на Академијата ѝ беше дадено право во 2011 година, во рамките на Програмата за размена, да учествува и со размена на судии на врховните судови.

 

Како дел од активностите објавени на Каталогот на обуки на ЕЈТН за 2010 година, еден судија од Република Македонија зеде учество на обука посветена на правен англиски јазик што се одржа во Рим, а во организација на Вишиот совет на правосудството на Република Италија.

 

Директорот на Академијата, во континуитет присуствува на сите пленарни седници на Генералното собрание на ЕЈТН каде во рамките на последната седница беше најавена можноста да се ревидира последната одлука на Еворпската комисија од 2011 година со која на земјите кандидати не им беше дозволено повеќе да учествуваат во програмите за размена, што претставуваше крајно рестриктивна одлука за судиите и јавните обвинители на тие земји, со која тие ја загубија можноста рамноправно да учествуваат во европското поле на правдата заедно со своите колеги.

 

Повеќе информации за Европската мрежа за судска соработка ЕЈТН, програмите за размена и сите релеванти документи може да се преземат на следниот линк: http://www.ejtn.eu/