Календар на Активности

USAID

Во 2013 година во соработката и со финансиска поддршка на  Проектот на УСАИД за јакнење на судството се реализираа две работни средби на судиите од граѓанските оддели на апелационите судови со цел хармонизација на судската пракса во граѓанската и трговската област.

Во рамките на Програмата за континуирана обука на судиите, во соработка со Проектот на УСАИД беа организирани 3 специјализирани обуки за судиите од одделите за трговски спорови во насока на унапредување на знаењето на судиите од областа на трговското право, за ефикасно и ефективно решавање на споровите. Во делот на  практичната примена на новините од ЗПП, беше организирано советувањето за примена на одредбите за електронска достава на писмена и на Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.

Соработката со Проектот на УСАИД опфати и организација на Конференција за лидерество што беше наменета за претседателите на судовите, судските администратори и претседателите на одделите во судовите со проширена надлежност како и тркалезна маса за „Развој на безбедноста на информатичките системи во судовите“ на која разменија мислења нформатичарите од сите судови во државата. Исто така, беше организирана обука за судските доставувачи во поглед на доставувањето според ЗПП и ЗКП и посебна обука за овластените судски службеници во однос на примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во декември 2013 година, Проектот на УСАИД за јакнење на судството во соработка со Центарот за институционален развој-ЦИРа, организираше тридневна работилница за изработка на новата Стратегија на судството за периодот 2014-2016 година, каде земаа учество претставници на сите релевантни институции од областа на судската власт како и претставник на стручната служба на Академијата за судии и јавни обвинители.

 

Во 2014 година ќе продолжи соработката со Проектот на УСАИД за јакнење на судството. Директорот на Академијата одржа состанок со претставници на Проектот на кои беа разгледани можните области во кои ќе се соработува оваа година како и приоритетните активности кои треба да се реализираат.

 

Веќе на 30 јануари 2013 година, Проектот на УСАИД за јакнење на судството во соработка со ЦИРа,  организираше последователна работилница за изработка на новата Стратегија на судството за периодот 2014-2016 година –активност која започна во декември 2013 година.