Календар на Активности

МАТRA

ПРОЕКТ ЗА МАКЕДОНСКАТА СУДСКА ПРАКСАЗА ЈАКНЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО (МАТРА) 

 

Во втората половина на 2010 година Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија, во соработка со Центарот за меѓународна правна соработка (ЦЛЦ) од Кралството Холандија, започна со реализација на Проектот наменет за јакнење на капацитетите на македонското судство преку подобрување на користењето на судската пракса како дополнителен извор на правото.

Финансиска поддршка за реализација на овој Проект обезбеди Кралството Холандија.

Главна цел на Проектот е да се зајакне владеењето на правото во Република Македонија и на тој начин да се добие поефикасен судски систем.

Проектот содржи три компоненти со кои се предвидени низа активности кои ќе придонесат за подобрување и зајакнување на улогата и користењето на судската пракса во домашниот правен систем; ќе се зголеми свеста за улогата на судската пракса како дополнителен извор и ќе се подобри пристапот и употребата на домашната и меѓународната судска пракса.

Реализацијата на проектот се одвива во временски период од 2 години, а се спроведува преку организација на семинари, работилници, студиски патувања,креирање на бази на податоци за македонската судска пракса и збирка на релевантни судски одлуки.

Со успешната реализација на овој Проект се очекува голем чекор напред на македонското судство во остварувањето на критериумите кои се дел од процесот на реформите на правосудниот систем на Република Македонија, кои пак од своја страна претставуваат еден од главните услови за влез на нашата држава во Европската Унија.