ИПА Проект “Поддршка во спроведувањето на реформите во кривичниот систем“
Во текот на 2014 година ќе продолжи спроведување и имплементација на ИПА Проектот “Поддршка во спроведувањето на реформите во кривичниот систем“ во рамки на Националната програма за помош при транзиција и институционална надградба (TAIB ) за 2009 година a во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА), финансиран од ЕУ.
Имено, овој проект има за цел реализација на две компоненти, и тоа:
*Компонента 1: Зајакнување на капацитетите на јавното обвинителство, судската полиција и другите актери во кривичната постапка во насока на спроведување и имплементација на новиот закон кривична постапка
- Изработка на Практичен водич за имплементација на новиот Закон за кривична постапка (ЗКП) наменет за релевантните институции (Правилник за постапката на увид и техники за спроведување на увидот; Правилник за постапката за обезбедување докази; Протокол за соработка помеѓу јавното обвинителство и судската полиција; Стратешки насоки за управување со истрагата и Правилник за постапката на спогодување за вина;
- Организирање на најмалку 10 работилници за горенаведените теми.
*Компонента 2: Зголемување на ефикасноста во спроведувањето на кривично-правната рамка преку проценка на нејзиното влијание и обезбедување на кохерентност помеѓу новите закони
- Обезбедување на помош во подготовката на Водичот за изрекување на казните;
- Организација на најмалку 5 работилници за примена на Водичот;
- Подготовка на материјали и брошури за кривичното право на ЕЕУ и организација на најмалку 7 работилници за одредбите од Кривичниот законик и кривичното право во ЕУ ;
- Организацијата на 3 советувања во врска со спроведувањето на новиот ЗКП;
- Обезбедување на помош при измени и дополнувања на ЗКП.
Со овој проект ќе бидат реализирани повеќе од 25 настани во вид на советувања, работилници и тркалезни маси, наменети за јавните обвинители, судската полиција и другите актери во спроведувањето на новиот закон кривичната постапка, а покрај тоа ќе бидат изготвени и Водич за изрекување на казните и Практичен водич за правила на постапката согласно новиот ЗКП, како и други материјали и брошури кои ќе им бидат од корист на сите учесници во кривичната постапка во текот на нивното работење и постапување.