Календар на Активности

Амбасада на САД во Р.Македонија

Во 2013 година Амбасадата на САД во Скопје со финансиски средства од ИНЛ бирото при Стејт Департментот и Академијата за судии и јавни обвинители на РМ презентираа голем број на развојни програми за поддршка на кривично-правната реформа во Република Македонија, како што се:

  • 32 напредни обуки за новиот ЗКП за околу 900 практичари, со финансиска поддршка и на Мисијата на ОБСЕ.
  • Два семинари за улогата на судијата во акузаторниот систем во рамките на Програмата за партнерство на судиите, на кои присиствуваа повеќе од 60 судии.
  • Студиска посета на САД на 20 судии во рамките на Програмата за партнерство на судиите каде што Македонските судии имаа можност да ја следат работата на воите колеги-ментори од САД и да го збогатат знаењето за американскиот правен систем.
  • Напредна работилница за вештини за водење на постапка со двајца американски судии од Колорадо како инструктори.
  • Програма за успешно водење на предмети на корупција на службени лица, поддржан и од Програмата на Министерството за одбрана на САД ЈУКОМ, на кои своето искуство го пренесоа американски федерален обвинител и хрватски врховен судија.
  • Работилница за спогодување на вината со американски федерален обвинител и хрватски обвинител во улога на едукатори
  • Посета на директорот на Академијата за судии и јавни обвинители на меѓународната конференција на Академии за судии во САД

 

Правната канцеларија на ИНЛ при Стејт Департментот и Академијата за судии и јавни обвинители на РМ во 2014 година ќе продолжат до јакнење на капацитетите на обвинителите и судиите во рамките на втората година на напредните обуки за новиот ЗКП кои ќе вклучуваат 28 обуки. Исто така, Правната канцеларија на ИНЛ ќе ја реализира третата фаза на програмата за партнерство на судиите како и други програми од областа на владеење на правото.