Проект за подобрување на капацитетите на правосудството- Амбасада на Република Франција во Република Македонија
На 31 јануари 2012 година, во насока на продлабочување на успешно воспоставената соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓа Анета Арнаудовска и амбасадорот на Република Франција во Репбулика Македонија, Н.Е. Жан Клод Шлумберже потпишаа билатерален договор за тригодишна соработка во чии рамки е предвидена реализацијата на тригодишниот македонско-француски проект за подобрување на капацитетите на правосудството.
Со Проектот покрај низата активности за подобрување на правосудниот систем на Македонија, предвидена и активна соработка со Националната школа за магистрати (ЕНМ) за зајакнување на капацитетите на управното судство и за овозможување на студиски престој на млади судии во Европскиот суд за човекови права.
Исто така, предвидена е и обука која ќе се ориентира на заштита на човековите права и борбата против дискриминација, за што ќе се организираат обуки за судиите и јавните обвинители во рамките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Во рамките на овој Проект, Академијата за судии и јавни обвинители во септември 2012 година започна со реализација на курс за изучување на францускиот јазик со посебен осврт на правната терминологија наменет за судиите и јавните обвинители на Република Македонија, како и за кандидатите од четирите генерации на Академијата за судии и јавни обвинители.