Календар на Активности

Британска Амбасада

ПРОЕКТ „ПОДДРШКА НА АНТИКОРУПЦИСКИ МЕРКИ И ПОЛИТИКИ – КОНФИСКАЦИЈА НА ПРОТИВПРАВНО СТЕКНАТ ИМОТ“– Обединетото Кралство на Велика Британија

 

Во рамките на успешно воспоставената соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Амбасадата на Кралството Велика Британија и Северна Ирска на 17 август 2011 годиина беше потпишан договор помеѓу директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, судија Анета Арнаудовска и амбасадорот на Кралството Велика Британија и Северна Ирска, Н.Е. Кристофер Ивон за реализација на Проектот „Поддршка за спроведување на антикорупциските мерки и политики“, чија целосна реализација заврши на 31 март 2012 година.

Проектот беше реализран преку спроведување на низа обуки посветени на имплементацијата на антикорупциските мерки и политики.

Проектот имаше за цел да придонесе кон зголемување на ефикасноста во борбата против корупцијата и организираниот криминал преку практична примена на новините во Кривичниот Законик и подобрување на превенцијата од коруптивни активности на сите инволвирани субјекти во државната администрација.

На 12 септември 2012 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, директорот на Академијата, г-ѓа Анета Арнаудовска одржа и работен состанок со заменикот амбасадор на Кралството на Велика Британија, г-ѓа Кристин Винтербурн, пришто беа разгледани и идни можности за нови Проекти од областа на корупцијата и организираниот криминал, како одговор на барањата за креирање на нова стратегија за поефикасна борба и превенција од корупција.