Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (,,Службен весник на РМ’’ број13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015, 55/2016, 64/2018) Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев ја сочинуваат следните групи на информации:
1
|
Информации од континуирана обука
|
6
|
Јавни набавки
|
2
|
Информации од почeтна обука
|
7
|
Финансово и буџетско работење
|
3
|
Формулари и документи
|
8
|
Човечки ресурси, внатрешна организација и систематизација на работни места
|
4
|
Статистики на Академијата
|
9
|
Годишни извештаи за работа
|
5
|
Уставни, законски одредби, подзаконски акти
|
10
|
Работа на Управен одбор, Програмски совет и Комисиите на Академијата
|
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев со пополнување на Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев или да го симнат тука.
Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Сања Пандилов – Раководител на Сектор за правни работи и управување со човечки ресурси.
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Академијата, бул. Јане Сандански бр. 12, 1000 Скопје или на e-mail: Sanja.pandilov@jpacademy.gov.mk
Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 02/2401-577.