Известување за полагање на писмениот дел од практичниот испит

logo_asjo_news_mk

Почитувани кандидати пријавени на јавниот оглас за прием на 130 слушатели во IX генерација на почетна обука,

На седницата одржана на ден 16.04.2024 година, Приемната Комисија беше информирана од страна на Академијата дека писмениот дел од практичниот испит најрано може да се одржи на деновите 26, 27 и 28 април 2024 година (петок, сабота и недела) во просториите на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), бидејќи за писмениот испит се потребни простории со компјутери на кои ќе треба да бидат ставени законите потребни за изработка на Пресудите. Од овие причини, Комисијата одлучи дека писмениот дел од  практичниот испит нема да се одржи на деновите од 18 до 21 април 2024 година, туку на деновите 26,27 и 28 април 2024 година.

Редовно следете ја нашата веб страница каде што во наредниот период ќе бидат објавени термините за полагање и распоредот по групи.