Работен состанок на директорката на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска со претставници од Амбасадите на Република Франција во Северна Македонија и Србија

DSC_0479

Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, денес (28.03.2024 година), во просториите на Академијата оствари работен состанок со Irene Ketoff, атеше за соработка, Амбасада на Р. Франција во Северна Македонија и Frédérique Dubost, судија за врски за Западен Балкан, Амбасада на Р. Франција во Србија.

Работниот состанок претставуваше можност за претставниците од Франција да ја презентираат експертската помош и поддршка која Република Франција и ја нуди на нашата држава преку реализација на повеќе проектни активности кои опфаќаат разни области и таргетираат различни актулени прашања и дилеми кои се важни за интеграцискиот процес на нашата држава во ЕУ.

Во рамки на поддршката и помошта која Франција ја нуди на Северна Македонија, а е во насока на јакнење на капацитетите на правосудниот систем на нашата држава, значајна улога има и Академијата за судии и јавни обвинители.

Академијата и Амбасадата на Франција имаат повеќегодишна успешна соработка од која се дел голем број на реализирани едукативни настани, посветени на важни правни теми, посебно, на теми кои се однесуваат на правото на ЕУ и неговата примена во пракса од страна на националните судии и јавни обвинители.

На агендата на Франција во следниот период, како и во минатото, важно место ќе има реформскиот процес во правосудниот систем, но исто така ќе се актуелизриаат и други теми како што е на пример заштитата на животната средина и т.н.

Директорката на Академијата упати благодарност за поддршката, а воедно изрази и подготвеност да се продолжи и интензивира соработката помеѓу двете земји на полето на правото и правосудството со активно вклучување на Академијата во реализацијата на предвидените и предложените активности од страна на претставниците на Франција.