Календар на Активности

Последни Новости

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА ЗА ПРИЕМ НА СЛУШАТЕЛИ НА ПОЧЕТНАТА ОБУКА ВО АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ За академска 2012/2014 година

 | 24/08/012


На 30 и 31 август 2012 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители со почеток во 9:00 часот ќе започне реализацијата на Програмата за подготвителната настава за прием на слушатели на почетната обука во Академијата за судии и јавни обвинители, на која можат да учествуваат сите досега пријавени кандидати.


Повеќе

Завршен настан на ИПА Проектот„Понатамшно јакнење на капацитетите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители“

 | 26/04/012


На 27 април 2012 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи завршен настан на ИПА Проектот„Понатамшно јакнење на капацитетите на Академијата за обука на судии и јавни обвинители“, кој е финансиран од Европската Унија и Конзорциумот, а предводен од Human Dynamics.

          Имено, реализацијата на овој Проект започна во јуни 2010 година, а неговата цел беше да се создаде моќна, модерна, транспарентна и напредна институција која ќе претставува синоним за стручност и професионалност и ќе биде столб на правосудниот систем на Република Македонија.

          Во рамките на активностите предвидени од страна на ИПА Проектот наменети за јакнење на капацитетите на Академијата, низ 4 компоненти беа реализирани поголем број на активности, преку кои Академијата воспостави нов систем за менаџирање на процесите во континуирана и почетна обука, воспоставен е и нов систем за електронско учење (Е-learning), како и  нова електронска библиотека. Исто така, креиран е нов  Веб портал, кој ќе овозможи поголема транспарентност во работата на Академијата, а воедно и полесен пристап за корисниците на системот на Академијата. Во рамките на овие  компоненти е креирана и дата – база на електронски материјали кои се користени како работни материјали во рамки на почетна и континуирана обука.

За успешна и целосна реализација на овој Проект беше формиран и Проектен комитет  во чии состав членуваа 7 претставници од релевантни институции на правосудниот систем на Република Македонија, како што се: Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Врховниот суд на Република Македонија, Министерството за правда на Република Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители и Асоцијацијата за судска администрација.

Настанот со поздравно обраќање до присутните ќе го отвори директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, судија Анета Арнаудовска, која воедно ќе ги презентира и главните проектни резултати.

На пристутните ќе им се обратат и министерот за правда на Република Македонија, г. Блерим Беџети, како и раководителот на Одделот за политика и информации, Делагицја на ЕУ во Република Македонија, г. Роберт Лидел.

Во рамките на настанот од страна на Водачот на тим на ИПА Проектот, г-ѓа Катја Дормишева и директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, судија Анета Арнаудовска ќе биде претставен Проектот и придобивките од реализацијата на овој проект.

 

Изјави за медиум и во 11:05 часот 


Повеќе